Вести Култура

МОТ започнува со премиера на „Хинкеман“, „Драми на принцезите“ премиерно во Драмски

Се доближува до полувековното постоење, но иднината му е неизвесна. Интернационалниот театарски фестивал „ Млад отворен театар“, кој започнува вечерва, се соочува со сериозен притисок, велат од Младинскиот културен центар. Последниве години буџетот постојано се крати, а за годинашново 49 издание изнесува 77 илјади евра- средства од ресорното министерство и од Град Скопје, алармираат од МКЦ.

„Некаква анализа што правевме , дека е на ниво на буџетот од пред 15 години. Но, цените на чинење на нештата не се исти од лани, а камоли од пред 15 години. Така што да, ова е многу сериозен притисок врз фестивалот“, вели Русе Арсов, раководител на драмската програма во МКЦ.

Поради малкуте пари, фестивалската програма вклучува само 7 странски претстави и три придружни содржини, обезбедени со подршка на амбасадите во Македонија. А, поради доцнењето на премиерите од домашната продукција и овој сегмент е изоставен, дополнува Арсов. МОТ ќе го отвори ланскиот добитник на наградата „ Биш“- независниот театар „ Златен Елец“, со премиера на претставата „ Хинкеман“, работна по текстот на Ернст Толер од 1923 година. Оваа антивоена, експресионистичка драма, влегува во главнината фестивалски изведби со ангажирана пацифистичка порака.

„Ми беше лесно да го донесам во денешен контекст. Не само заради војните немири. Туку и заради начинот на кој живееме . Заради предрасудите, големата дискриминација. Многу тешко прифаќаме некој, кој е на било каков начин различен од нас“, кажа Тамара Стојаноска, режисерка на претставата.

Насловната роља му е доверена на Бобан Алексоски.

„Покрај оваа професија , навистина многу сум ги видел тие острини на општеството. И сметам дека болката на Јуџин и мојата болка се спојуваат онаму каде што луѓето се исти секаде“, рече актерот Алексоски.

А, во Драмски театар вечерва премиера на „ Драми на принцезите“, по текст на нобеловката Елфриде Јелинек. Таа го напишала како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим, а отвора прашања за идентитетот, моќта и слободата, денес.

„За мене тоа е феминизам, како овој систем ќе го направиме поексклузивен за сите луѓе, за сите раси и за сите класи. Тоа е феминизмот за мене, трансформација на системот“, кажа Жива Бизовичар, режисерка на претставата.

Покрај режисерската, сценографијата и музиката им се доверени на млади уметници од Словенија, а во претставата играат седум актерки од Драмски театар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе