Јапонија се простува од принцезата Јурико, сопругата на братот на царот Хирохито, која почина денеска на 101 годишна возраст и беше најстар член на империјалната фамилија.
Членовите на семејството за јапонските медиуми соопштија дека причина за смртта е нагло влошување на нејзината здравствена состојба, а смртта настапила во болница во Токио.
Палатата не соопшти официјален причинител на смртта, но јапонските медиуми јавуваат дека принцезата боледувала од белодробно воспаление.
Принцезата Јурико е родена 1923 година, а со 18 години, неколку месеци пред почетокот на Втората светска војна, се омажила за принцот Микаса, помладиот брат на Хирохито и чичко на сегашниот цар Наруухито.
Таа беше сведок на ужасите од Втората светска војна, а за време на американски напад на Токио во последните месеци во 1945 година живеела во засолниште со својот сопруг и нивната ќерка откако нивната резиденција била запалена.
Принцезата одгледала пет деца и го поддржала истражувањето на Микаса за древната историја на Блискиот Исток, додека истовремено извршувала свои службени должности и учествувала во филантропски активности. Таа го надживеа својот сопруг и тројцата синови.