Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева одлуката на Државната комисија за спречување на корупција Судскиот совет да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Дамева во вечерашната Топ Тема на Телма тврдеше дека одлуката на Судскиот совет да назначи двајца своите членови во Управниот одбор на Академијата била транспарентна и ѝ забележа на Антикорупциска зошто не ги известила за седницата на која се разгледувала таа одлука.
Морам да го искоментирам начинот на одлучувањето на ДКСК, имено, крајно разочарувачки. Затоа што во поткрепа на иницирање на постапка спрема Судскиот совет, комисијата не најде за сходно дури ниту да побара аргументација од Судскиот совет, да го побараше записникот, да види кои се фактите и аргументите врз основа на кои ја донел одлуката. Тоа е прво, второ Судскиот совет не беше известен за седницата, која што беше закажана мислам како интервентна со оглед на датумот на иницирање на постапката, па барем да беше запознат да имаше претставник таму да ја даде својата аргументација, рече Дамева.
Забелешките на антикорупционерите и невладините организации беа дека одлуката на Судскиот совет е незаконска затоа што законот предвидува членовите на Управниот одбор кои ги назначува Судскиот совет да бидат од редот на активните судии. Но, Дамева е на ставот дека најрационално и најефикасно тие да бидат од Судскиот совет.
Знаете, спроведувајќи ја надлежноста Судскиот совет го знае профилот на секој судија, и замислете ако имавме барем двајца членови на Судскиот совет во моментот на избор на директор, идентично е и за обвинители, значи ако имаше двајца членови од советот на обвинители, двајца од Судскиот совет, сигурно дека ќе дадеа поголем придонес во насока на аргументација на избор на директор, не зборувам за конкретниот избор, генерално за избор на директор, кое што е впрочем и во надлежност на Управниот одбор, и цврсто останувам на тој став. Но, имам впечаток дека во нашата држава сите како да сакаме да ги толкуваме законите, како да не сакаме да ги читаме законите. Мојата аргументација ќе ја задржам за себе по однос на тоа дали треба од редот на редовни судии или тоа може да бидат и членови на судскиот совет, односно фактот што редовни судии не познава нашето судство апсолутно нема активни, но и тоа е прашање на дилема, рече Дамева.
Претседателската на Судскиот совет имаше забелешки и за начинот на кој ДКСК ја донесла одлуката како и на нејзината содржина.
од она што го видов кога ја примив одлуката, не го анализирав образложението бидејќи во оваа фаза сметам дека не треба да го сторам, тоа ќе го разговараме заедно со членовите на Судскиот совет, но крајно разочарувачки и крајно тенденциозно е во изреката стои „се запира постапката“ и се укажува на Судскиот совет каква одлука да донесе и во кој рок. Во какво својство се ставила ДКСК? Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството, рече Дамева.