Променливо облачно, во југозападните делови со повремени локални врнежи од дожд, a на планините и на некои од повисоките места со повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максималната од 4 до 10°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
0 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, Лазарополе, 3 Крива Паланка, Крушево, 4 Виница, Тетово, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Берово, Велес, Прилеп, 6 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Кавадарци, 7 Струмица, 8 Претор, Охрид, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
6 Маврови Анови, 5 Крушево, 4 Попова Шапка, Виница, Тетово, Гевгелија, 3 Штип, 2 Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Берово, Прилеп. Битола, Демир Капија, Охрид.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 11.0, Преспанско Езеро 10.0, Дојранско Езеро 14.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/