Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за екс директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци

Денеска (14.11.2024) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци, затоа што :во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие,  со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.

Со тоа, пријавениот сторил кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво според член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Платформата за ХИВ апелира да се врати минимален буџет од 130 милиони денари за заштита на населението од оваа инфекција

Дејан Дејан

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе