Вести Македонија

Кочанските активисти прогласија победа за депонијата кај село Бели – советниците одлучија во полза на граѓаните

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, денеска ќе има средба со градоначалниците на опшините Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево по вчерашната одлука на советот да ги прифати барањата на граѓанските активисти општината да забрани носење отпад од овие општини на депонијата во близина на селото Бели.

Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот, Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои веќе трета недела протестираат и го блокираат пристапот до депонијата за комуналните возила од соседните општини.

Грaѓаните синоќа одржаа координативен состанок на кој прогласија победа, а допрва треба да одлучат за отстранување на блокадите и за прекин на протестот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиецот фрлил бомба кон полицајците и не ги пуштал најблиските на жртвите во куќата- детали за убиството на 12-годишно дете и неговиот татко во Прилеп

Дејан Дејан

Баран со меѓународна потерница од Австрија, „падна“ во Тирана – уапсен македонски државјанин во Албанија

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи, магија во Античкиот театар – отворено 65-то „Охридско лето“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе