Републиканците се се поблиску до победа во Претставничкиот дом по минатонеделните избори – што значи дека партијата на Трамп ќе управува со Белата куќа и целиот Конгрес и дека ќе ги држат сите лостови на моќ в раце.
За време на кампањата, Доналд Трамп вети дека ќе ја одведе земјата во сосема поинаква насока. Сега тој е подготвен да ги спроведе своите идеи со поддршка на политичкото раководство во Конгресот. Трамп брза да го номинира својот тим, но тие ќе треба да бидат потврдени од Сенатот.
Марко Рубио ќе биде негов државен секретар, додека Тулси Габард, поранешен демократ, е избрана за директор на националното разузнавање. Конгресменот Мет Гаец е именуван за јавен обвинител – тој веќе поднесе оставка од Домот.
Гаец е еден од најконтроверзните избраници на Трамп, тој беше под истрага за сексуална трговија со деца, но никогаш не беше кривично гонет за тоа. Сепак на Трамп му е драг, во негова моќ е да го прекине федералното гонење на Трамп.
- „Мет Гаец е огнен конзервативен лојалист кој го искористи своето место во Конгресот за веродостојно да го брани Доналд Трамп во текот на повеќекратните истраги и да ги повтори неговите тврдења дека Министерството за правда е вооружено против него. Всушност, Доналд Трамп има малку бранители во Конгресот толку доверливи како што беше Гаец“ – Ерик Такер, Асошиетед прес.
За изборот на Тулси Габард за директорка на Националните разузнавачки служби, Трамп рече дека таа ќе и донесе бестрашност на службата и ќе се бори за уставните права. 43-годишната Габард беше член на Демократскиот дом и неуспешно се бореше за претседателска номинација во 2020 година, па по две години ги напушти демократите и од август често го следеше Трамп во кампањата.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја доби номинацијата на републиканците за да остане на функцијата. Џонсон ги прифати приоритетите на Трамп за масовните депортации, даночните намалувања, намалувањето на федералната работна сила и силниот имиџ на САД во странство.
- „Сакам да им честитам на овие нови лидери кои се соодветно избрани за да помогнат во одржувањето на конференцијата, тоа е извонреден лидерски тим и оние кои беа реизбрани кои добро ги заработија тие позиции. Ова беше група во телото денес што работеше заедно и направи некои навистина извонредни работи“- Мајк Џонсон, претседател на Домот.
На местото на Ентони Блинкен, за нов државен секретар на САД е номиниран Марко Рубио, републикански сенатор кој трет мандат ја застапува Флорида, син на кубански имигранти. Трамп го нарече „борец кој никогаш нема да отстапи пред нашите непријатели“.
- „Огромна чест е за претседателот кој ми ја дава својата доверба за позиција од толкава важност. Тоа е исто така огромна одговорност. А работа на државниот секретар е да ја извршува надворешната политика поставена од избраниот претседател на САД. И се надевам дека ќе имам можност да го направам тоа, доколку моите сегашни колеги овде во Сенатот на САД ме потврдат тоа“- Марко Рубио сенаторот од Флорида.
Аналитичарите велат, дека Трамп како неконвенционален, направи конвенционален избор за неговите две врвни позиции во надворешната политика. Тоа би можело да биде смирувачко за американските сојузници, додека Кина и Иран имаат причини да бидат претпазливи. Јасно е дека новоизбраниот претседател избира луѓе според сопствената идеолошка слика.
Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон.
Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места.
За предвидената републиканска контрола на Домот, аналитичарите сметаат дека нема да биде толку лесно да се усвојат законите како што мислат луѓето поради правилото „филибастер“ (метод што се користи за одложување на усвојувањето на законодавството).
Билјана Ставрова