Вести Свет Топ вести

Републиканците на годинешните избори добија подршка од поголемиот дел на афроамериканци и латиноамериканци

Републиканците на годинешните избори добија подршка од поголемиот дел на афро и латиноамериканци. Ова го покажуваат националните истражувања на повеке од 120 илјади гласачи.

Гласачите во целина ги наведоа економијата и работните места како најважните прашања со кои се соочи земјата. Ова ги засега и латино и афрооамериканците.

Одлучноста на претседателската трка на Трамп освои многу афро и латиноамерриканци. 30 % од афроамериканците гласаа за Трамп двојно повеке од 2020 година, што претставува удар за традиционалната демократска база.

„Камала не зазеде став за ништо. Не беше јасна. Како да не сакаше – не се залагаше за ништо. Трамп барем се залагаше за некои работи. Тој беше јасен,кажуваше што сака и што ке направи.Таа пак не се залагаше за ништо .Како општеството да станува меко. Како сè што е толку меко, чувствително, филтрирано и сето тоа. Потоа го добивте Трамп. Тој ќе каже што сака без проблем. Тој навистина нема филтер. Тој ќе каже што сака. Тој стои зад одредени принципи“ – вели Ханеф Робинсон 18, жител на округот Клејтон.

„Што се однесува до десницата, има многу млади мажи кои се гледаат себеси во примерите што ги гледаат на десната страна. Тие гледаат принципиелни луѓе, без разлика дали доаѓаат од истата религиозна или социјална средина како и тие. Тие гледаат луѓе кои се за нивното семејство .На левата страна, ја гледате оваа идеја дека семејството може да изгледа како што било друго освен маж и жена . Многу млади мажи не веруваат во тоа.Не се согласуваат со тоа. – вели  Аинде Лугман , жител на Атланта.

Многумина од младите гласачи безразлика на возраста и расата ја наведоа економијата како главен проблем во земјата.

Според латиногласачите освен економијата, главен проблем е и имиграцијата. Својот глас за Трамп го даваат за да се намали инфлацијата, да се зголемат платите и да се подобри економската состојба во земјата.

Потпретседателот на млади демократи во областа Декалб, истакна зошто повекето од гласачите не го даваат својот глас за демократите

„Една од моите теории е затоа што не ги задоволуваме потребите на просечните секојдневни вработени граѓани, луѓето ви велат дека намирниците се превисоки. Луѓето ви велат дека цените на киријата се надвор од контрола. Луѓето имаат здравствени проблеми и слични работи. И не верувам дека луѓето или следбениците на Демократската партија бараат помош, мислам дека на луѓето им треба олеснување. – вели  Кристофер Ендрјус, потпретседател на млади демократи на Декалб:

Спротивно од 2020 година, освен латино и афромериканците, многу од хиспано гласачите го подржуваат Трамп. Мнозинство од нив го опишаа како силен лидер.

Победникот на американските претседателски избори Трамп освои повеке од 74 милиони гласови, наспроти кандидатката на демократската партија Камала Харис  со освоени 70 милиони.

Со 78 години, Трамп е најстариот избран претседател во историјата на САД и само втор кој се вратил во Белата куќа откако претходно бил поразен. Трамп нема да може повторно да се кандидира, зашто американските претседатели се ограничени на два мандата.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе