Вести Македонија

Тасевска во „Топ тема“: Потрошувачите се незадоволни со „есенската кошничка“, мерката траеше многу краток рок

Потрошувачите не се задоволни со „есенската потрошувачка кошничка“. Иако секоја мерка е добра, таа не е доволна, рече Татјана Тасевска од Организација на потрошувачи во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Граѓаните и натаму се жалат дека производите кои што беа со намалени маржи, многу често не можеа да се најдат во маркетите, дека останатите производи беа со покачени цени на сметка, на некој начин, на оние кои што беа со намалени цени. И сметаат дека оваа мерка, барем за потрошувачите, не ги даде посакуваните резултати. Сметаме дека многу кратко трае. Месец дена е, сепак, краток рок“, вели Тасевска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе