Вести Македонија

Спасов во Вин-Вин: Балканските држави во прва прилика во ЕУ би си ставиле вето

Во емисијата Вин-Вин универзитетскиот професор Александар Спасов изјави дека „Треба да сме свесни дека помеѓу геополитиката и нашите очекувања стојат и интересите на самите европски држави, а тоа е внатрешниот проблем којшто постои во ЕУ. За жал кај нас малку се дискутира за тој проблем, а тоа е ривалитетот кој постои  помеѓу различните државите кој е највидлив во однос меѓу Германија и Франција.“

Во однос на тоа како ќе функционира ЕУ  тој посочи дека бројчано поголем број на држави, во однос на населението и не толку многу,  одлучуваат како ќе функционира кога моделот во која секоја држава има право на вето на многу прашања. Тој модел беше замислен за 12 или 15 држави кои имаа плус-минус усогласена меѓусебна политика и не си ставаат меѓусебе вето.

„Со плус уште шест балкански земји кои во прва прилика да можат ќе си стават вето. Тоа го гледаат во Европа и мислам дека е една од главните причини зошто споро се движи процесот на европските интеграции и зошто беше онаа Француско вето во 2019 година“ изјави Спасов.

Според професорот Нано Ружин Србија имаше простор да игра подобро.

„ Прво таа не е членка на НАТО, држава која има добри односи со Кина, не воспостави санкции кон Русија, а истовремено има храброст да им каже на Европјаните зошто тоа го прави. Вучиќ се наметнува како лидер, иако неговите демократски сфаќања се малку застарени. Видовме што се случува во Србија, се наметнува како диктарот“ изјави Нано Ружев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Товарен воз падна од мост во Минхен

Дејан Дејан

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе