Спорт Тенис

Синер против Алкараз само во полуфиналето или финалето во Торино

Познати се групите за АТП Финалето во Торино. Јаник Синер како прв носител секако е главен фаворит за титулата, а ждрепката го смести Карлос Алкараз во другата група, па овие двајца ривали може да се соочат во полуфиналето или финалето.

Синер ја предводи групата наречена Илие Настасе, а за главен ривал за место во полуфиналето го доби Данил Медведев. Петтиот носител Тејлор Фриц и дебитантот на завршниот мастерс турнир Алекс де Минор од Австралија исто така се најдоа во оваа група.

Вториот носител Александер Зверев ја предводи втората група наречена Џон Њукомб. Тука се и освојувачот на Вимблдон и Ролан Гарос оваа година Карлос Алкараз, потоа финалистот од 2022 година Каспер Руд и Андреј Рубљов.

Само двајца тенисери од актеулните осуммина што ќе играат во Торино го имаат освоено трофејот на АТП финалето. Зверев беше шампион во 2018 и 2021 година, додека Медведев славеше во 2020 година. Турнирот започнува во недела, а двојките се Медведев против Фриц и Синер против Де Минор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе