На 88 годишна возраст , почина поетесата и писателка за деца, Славка Арсова, соопштија од Друштвото на писатели на Македонија.
Арсова е авторка на петнаесетина збирки песни . Но, попозната е по своето творештво за деца. Нејзината збирка анегдоти што завршуваат со поуки „ Бисерчиња од детски глави“ , ја објави Академски печат во 2017 година. Арсова беше и основачка и организаторка на детскиот литературен фестивал „Ракатки“.
Таа ќе биде погребана во сабота (09.11. 2024 год.) на градските гробишта во Бутел, во 12 часот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.