Наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево.
Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 4°C, а максималната од 13 до 20°C.
Агропрогноза:
Есенската сеидба е веќе започната кај некои култури, а кај некои е веќе при крај. Кај сите култури, па и кај пченицата, првата фаза, никнење е многу значајна за нормален склоп и почетен развиток. При подолгото отсуство на врнежи, имаме појава на есенска суша која може да влијае негативно врз сеидбата за есенските култури и нивно поникнување. Во вакви услови, доколку културите поникнат, влегуваат во зимата недоволно потготвени и може да претрпат штети од ниски зимски температури.
Затоа потребно е залевање (со мала залевна норма) и таа треба да биде веднаш по сеидбата. Оваа залевање ќе овозможи и нормално братење и презимување. Исто и кај зеленчуковите култури потребно е полевање, бидејќи може да дојде до засушување во раните етапи на развитокот на зеленчукот. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки, наводнување, снабденост на културите со потребните количества на хранливи материи, со што се зголемува отпорноста спрема зимски мразеви, примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики и добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво и други мерки.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 2 Битола, 3 Маврови Анови, Крива Паланка, Берово, Охрид, 4 Крушево, Скопје-Петровец, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Претор, 6 Прилеп, Виница, 7 Велес, 8 Кавадарци, 9 Демир Капија, 10 Струмица, 12 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 18.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/