Наутро постудено со услови за појава магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
Информација од ова утро 3.11.2024
Минимална температура (во °C)
-2 Берово, 0 Лазарополе, 1 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Тетово, Битола, Маврови Анови, 4 Прилеп, Штип, Струмица, Крушево, 5 Охрид, Претор, 6 Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, 9 Скопје-Петровец, 10 Велес, 14 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]