По информацијата дека Белград планира да донира автобуси на Скопје, одреден број од марката „Соларис“, кои се меѓу најквалитетните и најсигурните возила во белградскиот превоз, најверојатно за неколку месеци ќе станат дел од скопскиот јавен превоз.
Ако овие автобуси се донираат, белграѓани ќе останат, речиси, исклучиво со кинески и турски возила, вели во интервју за Телма, директорот на Центарот за локална самоуправа и поранешен градски советник, Никола Јовановиќ.
Со него разговараше колешката Симона Петровска.