Вести Култура

Заштита на животната средина преку реупотреба на театарски отпад

Рециклиран театарски отпад од фундусот на Факултетот за драмски уметност во Скопје, за создавање интервенции со кои се збогатуваат содржините во просторот, а се штити животната средина . Ова е основната идеја на изложбата „ Реупотреба на театарски отпад“ , која денеска беше отворена на ФДУ. Еден од иницијаторите за изложбата е Филип Јовановски, кој ги спојува просторно-сценографските практики, преку врската на неговата професија архитект со театарот.

„Практично, изложбата покажува три просторни решенија , ги викаме сценографски , монтажни, кои што се базираат на таа реупотреба. Значи, во идеален случај, доколку се најдат доволно материјали , можат буквално да се реупотребат , да не се прават нови. И секако тоа е во прилог на користење материјали, рециклажа, тоа што велите заштита на животната средина и т.н“, рече Филип Јовановски, соработник по предметот сценографија на ФДУ.

Интервенциите се градени преку анализа на потребите на луѓето кои гравитираат околу ФДУ, но и на самите суденти и професори од факултетот. Потоа се направени 5 просторни концепти, од кои 2 се отфрлени како нефункционални . Резултатот се 3 полуконцепциски решенија кои се преклопуваат со значењето на фундусот на ФДУ, а во иднина ќе послужат за предавања на отворено, за промоции, изложби и сл. Во нивното создавање биле вклучени студенти од ФДУ и од Архитектонскиот факултет во Скопје. Меѓу нив е и Димитар Милев, кој вели дека практично морале да сечат, да лепат и да доработуваат, а користеле столчиња, практикабли и театарски реквизити.

„Некои работи не можат да се искористат. Некои работи можат да се искористат со доработка , некои работи можат да се искористат со пренамена на самата форма која што е. Да, во суштина со делумно надоврзување , делумно апстрахирање на одредени елементи кои што постојат таму“, рече Димитар Милев, магистрант на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Едукативната надградба што се постигнува преку проектот, е резултат на заедничката работа меѓу студентите од двата факултети, посветени на различни дисциплини, вели продеканот на ФДУ, Игор Вецовски. Тој, исто така е иницијатор на изложбата.

„Ќе следи доразработка на иницијалните идеи. А, се надеваме веќе следната година сите тие интервенции да ги видиме во реалноста , во просторот. Факултетот сигурно ќе направи сѐ што може да направи за да овие одлични идеи на многу талентирани млади луѓе имаат и своја завршница“, кажа Игор Вецовски, продекан за финансии на ФДУ.

Изложбата „ Реупотреба на театарски отпад“ беше отворена во рамките на 32 издание на „ Скомрахи“- меѓународните средби на студентите и професорите од факултетите и академиите за драмска и филмска уметност, што започнаа синоќа. „ Скомрахи“ ќе траат до 5 ноември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе