Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува.
Информација од ова утро 1.11.2024
Минимална температура (во °C)
-3 Берово, 0 Лазарополе, 1 Битола, 2 Струмица, 3 Крива Паланка, Тетово, Штип, Маврови Анови, Попова Шапка, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, 5 Охрид, Претор, Демир Капија, Крушево, 6 Виница, Велес, Кавадарци, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 9 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]