Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 1.11.2024

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 8°C, а максималната од 18 до 23°C.

Агропрогноза:

Овие временски услови се поволни за сеидба на есенските култури, која е во тек. Многу е важно да се запазат оптималните услови за сеидба, избор на сорта, квалитет на семе, временски услови, квалитет на почва, влага и прихрана, само на тој начин сеидбата може да биде успешна. Времето на сеидбата има големо значење, може битно да влијае врз отпорноста на ниски температури, бидејќи директно влијае врз времето на поникнување, презимување на растенијата, а и врз приносот. Почвените услови се исто многу значајни, почвата треба да биде добро подготвена, неопходно е присуство на доволна количина на лесно достапни хранливи материи, незаплевени почви со добри физички својства и умерена влажност. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки, снабденост на културите со потребните количества на хранливи материи, со што се зголемува отпорноста спрема зимски мразеви, примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики, кој одговара на стандардите, најдобро е да се земат за сеидба од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво и други мерки.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-3 Берово, 0 Лазарополе, 2 Струмица, Попова Шапка, Маврови Анови, 3  Битола, Тетово, Демир Капија, 4 Штип, Крива Паланка, Прилеп, 5 Крушево, 6 Охрид, Виница, Пожаране, 7 Кавадарци,  Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 8  Велес, Тополчани.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 18.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе