Вести Култура Македонија Најважни

Кривична пријава за поранешната министерка за култура Костадиновска – Стојчевска за договор во четири очи со правно лице -изведувач на реконструкцијата на Универзална сала

МВР до ОЈО поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од КЗ против поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска. Во соопштението од МВР се вели дека кривичната пријава се однесува на поранешната министерка за култура, која не го испочитувала договорот за Јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите околу реконструкцијата на Универзална сала и склучила договор со правно лице на 19 февруари годинава, во вредност од над 115 милиони денари.

Ова Костадиновска Стојчевска го сторила по донесена одлука од Советот на Град Скопје и заклучок од Владата за пренесување на правото за реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала и по склучен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Град Скопје како сопственик и Министерството за култура како нов инвеститор, и покрај тоа што ресорот Култура бил задолжен да ги спроведе неопходните постапки за доделување на сите потребни договори за целосно и комплетно завршување на реконструкцијата на објектот, се вели во соопштението од МВР.

„Иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115.173.789 денари, согласно кој министерството наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице“, велат од МВР.

Поранешната министерка за култура знаела и била свесна дека претходно склучениот договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје и правното лице на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите, за што од страна на Град Скопје на електронскиот систем за јавни набавки на 18.09.2023 година било прикачено и известување за реализиран договор, а предметот во Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен, стои во соопштението.

Но, министерката врз основа на новиот договор, по доставени две времени ситуации од страна на правното лице како изведувач му исплатила вкупен износ од над 27 милиони денари, со што му овозможила да се стекне со противправна имотна корист.

Телма се обиде да стапи во контакт со поранешната министерка за култура, но таа остана недостапна.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе