Спорт Фудбал

Барселона го задржа својот „бисер“ до 2029 година

Фермин Лопез денеска потпиша нов договор со Барселона до 30 јуни 2029 година. Каталонците во договорот вклучија и откупна клаузула од 500 милиони евра за младиот шпански талент.

Фудбалерот кој има само 21 година лани блесна во првиот тим на Барселона под водство на тренерот Чави и одигра дури 42 натпревари за првиот тим во сите конкуренции. Летово тој беше дел од шпанската фудбалска репрезентација, која го освои Европското првенство, а потоа и Олимписките игри во Париз. И сезонава кај тренерот Ханси Флик, Лопез исто така е дел од првата постава.

Своите први фудбалски чекори ги направи во Бетис, но и се приклучи на познатата академија на Барселона, „Ла Масија“ во летото 2016 година. Сезоната 2022/2023 година ја мина на позајмица во тимот на Линарес по што се врати во Барселона и експресно се инсталираше во првите 11.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе