Само што го направил првиот чекор на слобода Акиф Равманоски помилуваниот припадник на нарко кланот Барон повторно добил лисици на раце. Излегол од Идризово со документот дека е помилуван од претседателката за казната за оружје но сега му се заканува враќање зад решети во Шутка затоа што обивнителството бара притвор поради истрага за убиство во обид.
Осомничен е дека пред 10 дена во Чаир тој го застрелал во нога роднината на како што обелодени Телма Исмаил Рогачи кој се бара со мегународна потерница кој е дел од кланот Грчев. Покрај за ова дело осомничен е и за учество во тепачка
- Вештачењата за присуство на барутни честички кои беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека сега осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата- ОЈО Скопје.
Апсењето на Равмановски според сдсм е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањето и да ја амортизира штетата. Претходно бараа повлекување на одлуката и да не ја префрла одговорноста на комисијата
- СДСМ остро ја осудува последната фарса на власта и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која, наместо да преземе одговорност за скандалозните помилувања, се обидува со театрални потези да го смири гневот на јавноста. Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела.
Опозициските партии денеска бараа одговор од министерството за правда какво мислење дало. Од правда не откриваат каква била нивната препорака но исткануваат дека била дадена уште пред промената на власта и дека помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка.
- Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време на предизборие, се добива впечатокот дека овој процес е злоупотребен. Воедно, и отворањето на детали од процедурата од опозицијата посочуваат токму на подметнување на кукавичко јајце во овој процес- Министерство за правда.
Помилувањето Равманоски но и неговото јавно заблагодарување до пртетседателката Сиљановска Давкова ги зовреа страстите во јавноста. Тој бил осуден на 1 година и 3 месеци затвор а со одлуката на претседателката казната му беше заменета со условна.
Силјановска Давкова вчера рече дека Комисијата за помилување се водела од конкретните дела за кои биле осудени помилуваните, а таа иако го има последниот збор го прифатила нивното мислење, без да има предвиде дека тие биле интересни во негативна смисла
Меѓу оние кои паднаа во очи на јавноста е Шенол Маслани од Арачиново, брат на познатиот Шенки Версаче затворската казна од 6 месеци ја заменуваат со 3 години условно е Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески доби намалување од 1 година.
Попладнево претседатлеката Гордана Сиљановска Давкова закажала состанок со комисијата за помилување . Претседател на комисијата е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ д-р Зора Митиќ м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.
Елена Ивановска Мукоска