Вести Македонија

Брат на арачиновскиот Версаче фанатик, Талевски од „Транспортер“, припадник на кланот Барон, екс разузнавачот Марјан Ефремов- ликови од празнична амнестија на Силјановска

Наместо 6 месеци во затвор, условна казна доби арачиновецот Шенол Маслани кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР (се спомнуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје). Тогаш по неколку часа во полициска станица, Шенол и неговиот брат Шенки Маслани беа ослободени и прославија со музика во живо на социјалните мрежи. Денес е помилуван.

Познат е и како брат на арачиновскиот фанатик по италијанскиот креатор Џани Версаче, Шенки Версаче кој и куќата ја накити со иницијали на култниот лик на светската мода. За случајот со двајцата браќа немаше никакав информација во јавноста за текот на евентуалниот кривичен судски процес.

Фанатикот на брендот „Версаче“ Шенки Маслани меѓу уапсените, но и тој засега без кривична пријава

На листата на амнестирани објавен во Службениот Весник е и еден осуденик од предметите на СЈО. Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски добил делумно ублажување на казната и намалување за една година затвор. Талевски е единствен политичар на претседателката листа на помилувани.

Поранешниот битолски градоначалник Талевски по вторпат помилуван од претседател на државата

Најпроблематичен избор на претседателката Силјановска и нејзината Комисија за помилување е замената на 15 месеци затвор за условна казна за Акиф Равмановски попознат како Акиф Јусуфи од скопскиот клан „Барон“.

Бил осуден за недозволено поседување оружје кое било нелегално, а Равмановски алиас Јусуфи е дел од истрага за вооружен напад врз скопајнец кој се случи 8 дена пред да добие амнестија за државниот празник- Ден на националната борба.

Силјановска го амнестираше и Акиф Јусуф од кланот Барон откако пред десетина дена беше осомничен за пукање кон припадник на кланот Грчец

На листата е и екс разузнавачот Марјан Ефремов кој беше осуден на висока казна затвор во контроверзниот случај Шпион. Беше вратен во затворот Идризово и зад решетки, но за празникот доби намалување на казната за 3 месеци.

Целосно ослободување односно замена на 1 година затвор за условна казна доби и охриќанецот Никола Трпчески.

Делумно ослободување добија осудениците Мухарем Али од Скопје (намалување од 2 месеци(, Тодор Попов од село Миравци (3 месеци), Томислав Симонов од Скопје (3 месеци), Перо  Кузмановски од Градско, (3 месеци) и Живко Делиџаков од Богородица (три месеци).

Претседателот на државата вообичаено за празници дава амнестија за определен број на затвореници или поради здравствени причини или поради добро владеење во затворот или поради семејни прилики, но често се амнестираат и од други причини. Првиот филтер го прави комисијата за помилување на претседателот, а свое мислење дава и Министерството за правда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе