Првиот фронтмен на групата „Ајрон Мејден“, познат по уметничкото име Пол Ди’Aно почина на 66-годишна возраст во неговиот дом во англискиот град Солзбери, соопшти музичката куќа „Конквест мјузик“. Детали за причините за смртта не се објавени.
Во соопштението се наведува дека Пол Ди’Aно, иако стана познат како пејач на англискиот хеви метал бенд меѓу 1978 и 1981 година, остварил успешна кариера по излегување од групата.
Снимаше со бендовите Бетлзон и Килерс, а имаше и други бројни соло настапи, како и гостувања, пренесува британски „Метро“.