Вести Култура Македонија

Одиграна театарската претстава „Час по глума“ од Франческа Биsари и Гофредо Пучети во МКЦ

Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград  во соработка со Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје, ја презентираа театарската претстава „Час по глума“ (“The Acting Class”) од Франческа Биsари и Гофредо Пучети, која се одржа во киното Фросина (МКЦ), на 19 октомври.

Улогите ги толкуваат: Франческа Биsари и Клаудио Грили, a претставата е дел од 24тата Недела на италијанскиот јазик во светот (#SLIM2024).

Содржината на оваа комедија е едноставна, поставена врз принципите на двосмисленост на комедијантската традиција: италијанска актерка прима студент во нејзиниот стан на приватен театарски час. Тој е нестрплив да ги научи триковите на занаетот и таа е возбудена што ќе го натера да се заљуби во италијанскиот театар. Заедно двајцата проследуваат некои од најважните текстови на театарската сцена: од Плаут до Дарио Фо, од Пирандело до Едуардо де Филипо. Лекцијата се чини дека оди на подобро се додека публиката не сфати дека овде има мал комуникациски проблем.

Шоуто иронично ги руши предрасудите за тешкотиите на јазикот на театарот, забавувајќи ја публиката која зборува италијански и англиски, или само еден од двата јазика, или пак, ниту еден од нив. Делото е своевидна химна на способноста на италијанците да комуницираат со било кого без културни и јазични бариери. Токму поради оваа причина актерите глумат на италијански и англиски јазик без превод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе