Вести Македонија Топ вести

Во ист ден и директор на АНБ и асистент на Факултетот за безбедност- откриена биографијата на Христовски, лани ги исполнил условите за директор со дипломирање на „Туризам и менаџмент“

Денеска се огласи и факултетот за безбедност кој во својот анекс билтен потврди дека новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е избран за асистент по криминалистички науки. Во биографијата која ја објави факултетот може да се заклучи дека условите за кандидат за директорската позиција, Христовски ги исполнил минатата година, дипломирајќи на економскиот факултет при универзитетот за туризам и бизнис во Скопје, бидејќи со неговото претходно образование како дипломиран тренер по кик-бокс не ги исполнува условите од конкурсот.

Новиот директор на АНБ бил на раководни позиции во УБК во период од 2012-та до 2017-та, но нема точни датуми за да се потврди дали има полни пет години стаж на раководна позиција, како што стои во законските услови за директор на АНБ. Дополнително, според неговата биографија пријавена на факултетот за безбедност, Бојан Христовски добил сертификат за англиски јазик ТОЕФЛ во бугарски Пловидв во јазично студио „Јулија“.

Христовски во минатото бил активен член и претседател на неколку управни одбори, како што се клиниката за ортопедија, основното училиште „Љубен Лапе“, градинката „Буба Мара“, стои во биографијата на Христовски.

Тој бил и член на комисија за полагање на испит за ракување и употреба на оружје во струшко Лабуниште, како и претседател на одбор за финансиска контрола на националниот парк Пелистер во Битола. Сите овие функции ги извршувал во периодот од 2007 до 2017-тата година.

Дали ќе го слуша Мицкоски ако му нареди нешто? – новиот директор на АНБ, Бојан Христовски одговара за Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оштетени кабли и булевар, Арсовска лови дивоградби во Чаир, чека градоначалникот Ганиу да ги урива

Дејан Дејан

Завршни консултации меѓу претседателката и премиерот за новиот гувернер

Дејан Дејан

Љубчо Георгиевски сведок на одбраната во случајот „Ванчо Михајлов“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе