Седумдесетина реферати на врвни домашни и странски научници кои земаа учество на годинашната меѓународна конференција во рамите на Отворените денови на Институтот за македонски јазик и промоцијата на зборникот „Крсте Мисирков и македонскиот јазик“ се доказ кој во континуитет го потврдува постоењето на македонскиот стандарден јазик наспроти негирањата од една соседна земја.
Знаете како за нас тоа е одамна испеана песна и мислам дека сега користат некои дневнополитички моменти за повторно да се актуелизира последниве две три години тоа прашање. Ова прашање е апсолвирано далечната 1944 та година. Прашање апсолвирано пред осумдесет години, во минатите осум децении. Целиот славистички свет и општо лингвистиката го признаа македонскиот јазик го прифатија го проучуваат. За тоа зборуваат и сите странци кои од денес до утре ќе бидат во Институтот за македонски јазик, но и на сите конференции во минатите осум години, ова е деветта по ред изјави проф. д-р Елена Јованова- Грујовска, директор на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
За професор Тантуровска науката е таа која треба да го има клучниот збор во однос на сите важни прашања.
Такви изјави одсекогаш постоеле сметам дека денес во 21-от век кога постојат современи јазици кои се кодифицирани и дека тоа не треба да биде на дневен ред. Науката се занимава со научни истражувања, тоа е покажано со научните документи и сметам дека сето друго не е наука изјави прф. д-р Лидија Тантуровска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Сепак во континуитет треба да се повторува дека свеста за македонскиот јазик треба да биде на едно повисоко ниво, во секоја средина треба да се повторува дека македонскиот јазик е повеќефункционален и ги има сите функционални стилови како сите современи стандардни јазици и кога ќе излезете на еден јавен настап вие треба да го почитувате македонскиот стандарден јазик, додава професор Тантуровска.
Нина Стефанова