Вести Македонија Топ вести

„Топ тема“: Мерит системот станува мисловна именка, избрани и именувани членови од една влада, разрешени од друга, повторно се враќаат од трета

Македонското општество стана многу успешно во т.н. пронаоѓање на дупки во законот. Сите зборат за Мерит системот, но мислам дека станува мисловна именка, за жал, и тоа не е само сега, туку е години наназад, вели Снежана Камиловска Трпковска, програмски координатор во МЦМС, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тука го гледам тоа немање на политичка волја од било која гарнитура, еве да почнеме, ако веќе станува збор за закони, со Законот за висока раководна служба кој што веќе требаше да се донесе, да се имплементира и да стапи на сила. Никако да дојде на дневен ред. Еве, тој нека го стават по скратена постапка. Никој нема да има проблем ако се донесе еден таков закон во државата“, истакна Камиловска Трпковска.

Според универзитетскиот професор Борче Давитковски, „ние сме предодредени, кога се менува власта, да ги менуваме правилниците за систематизација и организација“.

„На пример, има 10 сектори. Десетте сектори ќе се преименуваат и на преименуваните се ставаат други луѓе. Нивните, а овие другите иако не можат да бидат деградирани, но ќе бидат маргинализирани. Статусот ќе го задржат, на пример раководител на сектор, ама ќе биде без сектор, итн. Тоа стана дел од нашиот македонски фолклор и цело време укажуваме дека администрацијата, јавниот сектор веќе стана 150.000 и тоа без јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост“, смета Давитковски.

Ваквите ставови на Камиловска Трпковска и на Давитковски се однесуваат на предлог одлуката од 9 октомври на собраниската комисија за избор и именувања, нов претседател на новата владина второстепена комисија ќе биде Илче Мушарески, дипломиран правник со положен правосуден испит од Ресен, а меѓу 12-те членови ќе биде Ирена Брзанова, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје.

Брзанова беше претседател на државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен од 2011 година до 2018 година, период во кој Мушарески бил член. Двајцата беа разрешени од претходната влада на СДСМ и на ДУИ во април во 2018 година донесе одлука за разрешување на претседателот и членовите на комисијата, одлука што ја носи собранието во јули во 2018 година. Како основ за разрешување се наведоа „незадоволителни резултати во работата“’, согласно извештајот за работата на комисијата за 2016 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе