Вести Култура Македонија

„Скупи фестивал“ – Скопје започнува од денеска со претставата „1984” од Џорџ Орвел

Со претставата „1984” од  Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски и во изведба на Националниот театар од Приштина, вечер од 20 часот на сцената на Албанскиот театар – Скопје ќе биде отворен    18 ти Меѓународен театарски фестивал „Скупи фестивал“ – Скопје кој ќе се одржува до 19  октомври.

Во претставата играат Арта Селими, Басри Луштаку, Едона Решитај, Флака Латифи, Шпејтим Кастрати, Џејлане Годанци и Илбер Барди.

Како што соопштија организаторите на фестивалот, ви вторник на 15 ти октомври ќе биде изведена претставата „Гидеоновиот јазол”, во продукција на Интермецо и МЕСС Сараево. Автор е Џона Адамс, режијата е на Селма Алиспахиќ, а улогите ги толкуваат: Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ.

В среда, 16 ти октомври, на програмата ќе биде „Децата од прашина”, претстава во продукција, концепт и кореографија  на Тула Лимноа (Toula Limnaios) од Берлин, и во изведба на: Хиронори Шугата, Франческа Бедин, Каролина Кардаш, Амадин Ламуру, Лаура Беши, Феликс Дипин, Даниел Хернандес Алфонсо, Ено Клајнхандин.

В четврток на програмата ќе биде „Нижински”, подготвена од „Produksion L’ Amphitheater & Oh DA!” oд Букурешт. Авторка е Ема Николова, режисер Малина Андреј, а учествува Филип Ристовски.

Во рамки на „Скупи фестивал“, в петок ќе биде организирана  работилница насловена „Изведба со маски“, која ќе ја води режисерката Сенем Џехвер од Турција.

Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври во Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Елементарни честички” од Мишел Уелбек, во режија на Крис Шарков и изведба на Народен театар „Иван Вазов“ од Софија. Во претставата играат: Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар  Николов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева.

МТФ „Скупи фестивал“- Скопје секоја година носи најразлични перформанси и естетски вкусови. Фестивалот има натпреварувачки карактер и доделува награда за најдобра претстава на фестивалот. Жирито кое ќе ја додели оваа награда е составено од три дами: театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе