Вести Македонија

Проблемите со булингот на работилница за родители во Куманово – кампања „Крени глас против врсничко насилство“ на Макпетрол

Во Куманово се одржа работилница против врсничко насилство, наменета за родители. На работилницата за родители за стручниот аспект зборуваше психолог, кој долги години работи со проблемот со булингот, а актерот Сашко Коцев е водител на овие настани.

На работилницата се споделуваат знаења за врсничкото насилство, се води дискусија. Оваа едукативна средба ја овозможи „Макпетрол“, во рамки на општествено-одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“.

Во повеќе од 150 училишта во 26 општини „Макпетрол“ преку кампањата „Стоп за булинг“ овозможи работилници за ученици, а сега организира едукативни средби наменети за родители. Компанијата потпиша меморандуми за соработка со повеќе општини низ Македонија.

Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ овозможува поддршка на децата и на младите, кои и понатаму ќе бидат во фокусот на компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе