Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи одличната форма во Лигата на нации со победа од 2-0 на гостувањето кај Ерменија, што не носи на чекор до пласман во Б-дивизијата од натпреварувањето на УЕФА. Нашиот тим е во серија од три победи по ред без примен гол, а вечерва трите бода ги осигураа Бојан Миовски и Исник Алими
Први постигнавме гол во 5.минута во Ереван, но истиот беше поништен поради офсајд од ВАР откако Никола Серафимов биеше со глава, а топката од стативата и голманот Огњан Чанчаревиќ заврши во мрежата. Првото полувреме беше проблематично за нашиот тим, бидејќи Ерменија имаше шанси и иницијатива, а ние воопшто не бевме опасни.
Откако селекторот Благоја Милевски направи измени во вториот дел, нашата игра се промени на подобро. Тоа резултираше со мајсторски гол на Бојан Миовски, кој со пласиран удар во 72.минута донесе водство за Македонија од 0-1 по асистенција на Исник Алими.
Во 85.минута веќе беше 0-2 откако асистентот на првиот гол, Алими овој пат погоди со силен удар во голот на Ерменија по асистенција на Езгјан Алиоски.
Македонија се зацврсти на првото место во групата 4 во Ц-дивизијата со 10 бодови, но теоретски не го осигура пласманот во Б-дивизијата, бидејќи во ноември не очекуваат уште два натпревари. Во Скопје ги пречекуваме Летонија и Фарски Острови.