Спорт Фудбал

Младинците подобри од Молдавија и го осигураа 4.место во квалификациската група

Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ја совлада Молдавија со 2-1 во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2025 година. За избраниците на селекторот Драган Канаталорвски ова беше четврта победа во евроквалификациите.

На теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, младинците остварија важна победа со која и дефинитивно го осигураа 4.место во групата Ц.

Бехар Фета ја доведе Македонија во водство од 1-0 во 11.минута од натпреварот. Потоа немаше возбудувања пред головите се до судиското продолжение. Нашата селекција ја осигура победата во 94.минута со голот на Беким Камбери, но веќе во следниот напад Молдавците погодија за да ги постават конечните 2-1.

Македонија во последното коло од евроквалификациите на 15.октомври гостува кај селекцијата на Грузија. На табелата во групата 4 води Холандија со максимални 27 бодови од девет натпревари. Втора е Шведска со 17, Грузија е трета со бод помалку, а Македонија има 12 бодови на 4.место. На последните две позиции се Молдавија со 7 и Гибралтар со 3.бода.

Фото: ФФМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе