Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Тејлор Фриц во полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Шангај.
Ѓоковиќ денеска со пресврт го победи младиот Јакуб Меншик. Чешкиот тенисер кој има само 19 години го освои првиот сет во тај-брејкот, но Србинот врати во следните два со 6-1 и 6-4 за пласман меѓу најдобрите четири. Ѓоковиќ во своето 78.мастерс полуфинале ќе ги одмери силите со Тејлор Фриц.
Американецот денеска го елиминираше Давид Гофан за само 82 минути и тоа со 6-3 и 6-3. За Фриц ова е трето полуфинале на тврда подлога на мастерс турнир и само прво откако ја освои првата титула од серијата 1.000 на Индијан Велс во 2022 година.
Второто полуфинале е помеѓу првиот фаворит Јаник Синер и Томаш Махач, кој вчера сензационално го елиминираше Карлос Алкараз.