Вести Култура Македонија

Изложба „Визуелни спознанија“ во Демир Хисар по повод Светскиот ден на менталното здравје

По повод Светскиот ден на менталното здравје, во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар денеска во 10:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Визуелни спознанија“.

Станувало збор за ликовни дела што содржат интимни приказни на самите автори, соопштуваат од Центарот за креативни индустрии „Небо“.

-Сликите се визуелен говор на потсвесните емотивни и психолошки состојби на учесниците и истите во голема мера се од големо значење во областа на спонтаното творештво и арт брут уметноста.

Изложбата е резултат на сликарска работилница одржана во Психијатриската болница, под менторство на уметникот Тони Попов и Центарот за креативни индустрии – „Небо“, а финансиски поддржана од Министерството за култура, преку Програмата проекти од национален интерес во културата за 2024 година.

-Од 2018 година, Центарот за креативни индустрии – „Небо“ активно работи на темата ментално здравје и преку своите активности во соработка со Психијатриската болница во Демир Хисар, се залага за подигнување на свеста за важноста на менталнтото здравје и разбивање на стигмите околу менталните болести. Сликарските работилници организирани од страна на Центарот, имаат терапевтска функиција, чија цел е увид во психолошко-емоционалните состојби, што за време на креативното творештво, визуелно се пресликуваат и стануваат одраз на сите потсвесни состојби со коишто човекот секојдневно се соочува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе