Спорт Тенис

Ѓоковиќ за само еден час го преслуша својот ривал за место во осминафинале (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на мастерс тенискиот турнир во Шангај по убедливата победа против Флавио Коболи во рамки на 3.коло.

Српскиот тенисер лесно го преслуша Италијанецот и славеше во два сета со 6-1 и 6-2 за само еден час игра. Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Роман Сафиулин откако Русинот во три сета го елиминираше Франсес Тиафо.

Вториот носител Александер Зверев со доста мака успеа да го победи Талон Гриекспор со 7-6, 2-6 и 7-6, а во следната рунда ќе се соочи со Давид Гофан, кој пак го победи Маркос Гирон.
Гаел Монфис го совлада својот сонародник Иго Умбер, па Французинот во осминафиналето ќе игра со Карлос Алкараз. Стефанос Циципас со 6-3 и 7-5 го победи Александер Милер и во осминафиналето ќе ги одмери силите со Данил Медведев.

Пласман понатаму обезбедија и Холгер Руне, Григор Димитров, Тејлор Фриц, Томаш Махач и Јакум Менсик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе