Вести Македонија Најважни

Кацарска: Уставни измени со одложено дејство се тешко изводливи, Македонија мора да го задржи евроатлантскиот курс

Уставни измени со одложено дејство се тешко изводливи, а Македонија мора да го задржи евроатлантскиот курс.

Ова е ставот на Симонида Кацарска од Институтот за европска политика, откако Албанија доби зелено светло да продолжи по евроинтегративниот пат, а Македонија остана да „тапка во место“, условена со уставните измени за внес на Бугарите.

Од невладините пристигна порака дека треба да се обезбеди вклученост на опозицијата, но и на пошироката јавност во евроинтегративниот процес.

Треба да има многу поголема комуникација со граѓаните во однос на причините и дискусија во однос на надворешната политика и како таа може да влијае дома. Секако дека со одвојувањето Албанија ќе биде формално чекор пред нас во процесот на преговори. Тоа ќе влијае врз домашната политичка ситуација. Меѓутоа исто така зависи колку Владата ќе може да испорача на многу други прашања коишто се врзани со реформската агенда поврзана со ЕУ за да може да овозможи одредени услови кои коишто Албанија секако ќе ги има пред нас, вели Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика – Скопје.

Новата Влада мора да креира партнерства вклучително и со Бугарија, во ситуација кога Македонија и Албанија и формално се одвојуваат на евроинтегративниот пат, вели директорката на Институтот за европска политика.

Претседателот на опозициската СДСМ, Филипче, пред неколку дена побара да се одржи затворена седница за да се утврдат државните позиции во однос на Унијата, а претставниците на Владата не покажаа ентузијазам и расположение за такво нешто.

Според Кацарска од ЕПИ, во моментов е потребна силна дипломатска акција и лобирање кај државите членки на Унијата, пред сѐ западноевропските.

Парнтерството со Унгарија може да се гледа од различни аспекти, но едно е јасно – мора да се балансира во тие односи.

Мислам дека лобирањето кај државите членки е нешто што мораме да го направиме. Значи ние секако мораме да работиме со Германија пред сѐ како клучниот партнер, со Франција колку што постои можност. За жал мислам дека делумно и на дипломатско ниво не сме доволно зајакнати особено во овие две држави членки. Партнерството со Унгарија можеме да го гледаме од различни аспекти. Унгарија е членка на ЕУ. Меѓутоа, во моментот е релативно изолирана членка на ЕУ којашто, пак, го има претседателството. Така што, јасно е дека тука ќе мора секоја Влада, па и претходната мораше да балансира во односите со Унгарија. Тоа мора да го прави секоја држава која пристапува од регионот, е ставот на Кацарска од ЕПИ.

Кога станува збор за реформската агенда, меѓу првите предизвици со коишто се соочува државата е борбата против корупцијата. Сепак, напредокот на евроинтегративниот пат е врзан со уставните измени како главен услов за такво нешто. Тоа е став на Унијата.

Премиерот Мицкоски порачува – „диктати не се прифатливи“, вели дека ќе се обрати до институциите на ЕУ и ќе инсистира на достоинствено решение за Македонија.

Од официјална Софија одговараат дека европската интеграција се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.

Во меѓувреме, анкетата спроведена од страна на Институтот за европска поилтика, на примерок од 1000 испитаници, покажа дека 56% од граѓаните целосно ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ.

11 отсто од граѓаните рекле дека воопшто не ги поддржуваат европските интеграции.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоиљковиќ: Службеното БМВ личи на искубана кокошка

Дејан Дејан

Инцидент во Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка

Дејан Дејан

Реки народ низ српските улици – Генерален штрајк во земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе