Најмалку 18 лица е засега официјалната бројка на загинати во поплавите и одроните на подрачјето на Јабланица во БиХ. Десетици се водат како исчезнати. Локалните власти објавија дека 13 лица се идентификувани, едно се води како НН лице.
Се стравува дека бројот на жртви ќе расте, со оглед на сомнежите дека под урнатините има заглавени луѓе.
Урнати се голем број на куќи, сообраќајници, мостови, па дури и железничка пруга. Утрово почна голема потрага по исчезнати лица, спасувачките екипи копаат со механизација, но и со голи раце. Поплацени се и подрачјата на Вареш, Кисељак, Крешево.
Сè поизвесно е дека врз Јабланица се активирал одрон кој настанал по пукање на „брана“ на каменолом над местото.
Премиерот на Федерацијата БиХ изјави дека самите поплави не би предизвикале таква катастрофа, т.е. дека толку жртви ќе немало без каменоломот.
Покрај нелегалниот каменолом во близина, како можни причини за поплавите, стручњаците ги наведуваат нелегалната сеча на дрва и палењето на шумите. За ТВ Телма од Сараево се јавува колешката Емица Ниами Налбантиќ.