Наместо борба за самиот врв на табелата Вардар очигледно го чека тешка битка за опстанок во елитното друштво.
Црвено-црните во меч од 9. коло во фудбалскиот шампионат го доживеаа третиот пораз во низа, а овој пат на Градскиот стадион во Скопје, Струга ТЛ триумфираше над Вардар со 4:1.
Серијата голови ја отвори Никола Влајковиќ уште во 3. минута. Во 28. Немања Босанчиќ го постигна единствениот погодок за Вардар, а на три минути пред крајот на првиот дел Басиру Компаоре и донесе предност на Струга ТЛ од 2:1.
Истиот играл во 66-тата зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Ланре Кехинде во 74. минута од натпреварот.
ФОТО: Игор Паневски