Спорт Тенис

Гоф со пресврт стигна до полуфиналето во Пекинг

Коко Гоф протв Паула Бадоса е првата полуфинална двојка на мастерс тенискиот турнир во Пекинг. Преостанатите две четвртфинални пресметки се играат утре.

Четвртата фаворитка Гоф со пресврт ја елиминираше 115-тата тенисерка на светот Јулија Стародупцева од Украина. Американката го загуби првиот сет со 2-6, но потоа ги доби следните два со 6-2 и 6-2 за место во полуфиналето, каде ќе се соочи со Паула Бадоса. Шпанката ја победи Кинезинката Шуаи Жанг со 6-1 и 7-6.

Последните четвртфинални пресметки се играат утре, а ќе се соочат, Арина Сабаленка против Каролина Мухова и Чинвен Женг против Мира Андреева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе