Вести Македонија

Дамева контра пратениците – верува дека довербата во судството е многу поголема од 2%

Степенот на доверба во правосудството ги постави на спротивни страни Судскиот совет и Комисијата за политички систем. Претседателката на Советот Весна Дамева се согласува дека довербата треба да биде повисока, дури и ако е 20 процентна. Го истакнува податокот дека во 2023-та се оформиле а и сработиле над 600 илјади предмети, што значи дека граѓаните веруваат во судските институции.

-Секојдневното повторување на истата флоскула за ниска доверба во судството делува контрапродуктивно и немотивирачки према судиите. Без оглед на тоа колку е сработено, постојано на товар на судската власт ѝ се става еден ист податок за степен на доверба кој, за мене, не е јасно врз основа на кои показатели е утврден, рече претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Пратениците од власта побараа оставки од сите членови на Судскиот совет поради недостиг од кредибилитет и авторитет да воспостави правичен судски систем. Од Советот очекувале да се дистанцира од оние неколку судии кои го уриваат угледот на чесните и да бараат кривична одговорност наместо намалување на платата.

-При дупла исплата на некој функционер, независно од која институција или партија доаѓа, човекот си оди затвор 5+, член 353, и со сменет и со несменет Кривичен законик. Ако судија досуди да од истите тие граѓани два пати се наплати за иста работа, добива 6 месеци по 30% помала плата. После се прашуваме зошто се бара оставка од целиот Судскио совет? Што се судиите во оваа држава?, праша претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов.

-Правдата генерално во Македонија ја нема! Тоа правосудство, судство, обвинителство, таа спрега – е скапана! И ние тука не можеме да направиме исчекор без генерален ремонт. Јас тоа го зборував и како опозиција и како власт. Мора да имаме генерален ремонт! Мора да имаме реизбор!, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Во извештајот на Советот доставен до Собранието, се укажува на недоволната финансиска независност, недостигот од судии и други вработени во судската служба. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е последен извештај на Дамева, што е уште една потврда на нивните намери за распуштање на Судскиот и на Советот на обвинители.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Попусти за оние кои разумно трошат струја и сами си ги читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе