Вести Македонија

Ријад Шаќири: За нас таков закон за бранители не е прифатлив затоа што не ги опфаќа сите учесници од конфликтот во 2001-та

Според пратеникот од владејачкото мнозинство, припадник на коалицијата ВРЕДИ, Шаќири предлог законот за бранителите не е прифатлив затоа што не ги опфаќа сите учесници од конфликтот во 2001-та. Ако досега бил донесен ваков закон сега би било одлична прилика да се надоградува вели во вечерашната Топ тема, Ријад Шаќири.

„СДСМ имаа можност тој закон да го донесат и усовршуваат, и да биде прифатлив и за Албанците кои живеат во Македонија. За нас еден таков закон би бил неприфатлив. Без разлика, не  се решава проблем кон таа категорија (полиција, АРМ) на луѓе туку целта е придобивка на политички поени . Они имаа можност 7 години, беа во власта и можеле тој закон да го донесат да го завршат како постапка .Ние од ВРЕДИ мислиме дека тој закон не придонесува за добро бит на соживот во државата затоа што со тој закон една категорија на луѓе кои што учествувале во конфликтот во 2001 ги исклучува целосно, и  опфаќа само еден дел така што ние како држава и политичари треба да размислуваме да донесеме еден закон кој би ги опфатил сите учесници во 2001 и да не гледаме назад и да одиме напред еднаш засекогаш“, вели Шаќири

Законските решенија треба да ги претставуваат сите граѓани, а не само една заедница. Вака ДУИ го брани кочењето на законот во собраниската комисија.

„Сите ние имаме индивидуална одговорност и колективна одговорност сите заедно да се грижиме за меѓу етничките односи и различните заедници. Ако тоа е задача на секој од нас за политичарите а особено за нас пратениците тоа е уште 10 пати повеќе поради тоа што како пратеници ние ги предсавуваме граѓаните кои ни дале глас дека ќе ги преставиме без разлика на нивната припадност бидејќи сите граѓани на Македонија пред уставот се еднакви. Тоа што мојата колешка Илире Даути ја блокира комисијата со што истиот не беше ставен на дневен ред таа си даде образложение во однос на временските рамки но таа покажа и одговорност дека носи одговорност и како пратеничка. Затоа требаше да седнеме и најдеме решение кое нема да се одрази на овој начин. Да потсетиме сите граѓани не се еднакви само пред Уставот, туку и пред законите затоа законските решенија треба да ги престават сите а не да бидат дискриминаторски, рече Арбана Пашоли во вечерашната Топ Тема на Телма

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе