Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените околу три недели откако заработи мускулна повреда за време на синоќешното мадридско дерби во Ла Лига што заврши 1-1.
Медицинските прегледи покажаа дека Белгиецот мора да паузира, па негова замена на голот за дуелот од Лигата на шампиони против Лил на гостински терен ќе биде Андреј Лунин.
Украинецот беше одлична замена за Куртоа и минатата сезона додека беше долго повреден. Се очекува чуварот на мрежата на Реал да се врати на голот веднаш по завршувањето на интернационалната пауза за репрезентации.