Во првиот од двата дерби дуели во оваа седма рунда во Првата македонска фудбалска лига, Гостивар ја совлада Шкендија со 3:1 и изби на чело на табелата со бод предност во однос на Тетовци.
Гостивар поведе со голот на Огузан Ајдоган во 22. минута. По само шеесетина секунди игра во второто полувреме Марко Симоновски зголеми на 2:0.
На три минути пред крајот на натпреварот Бесарт Ибраими намали на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Алдаир по прецизно изведениот удар од 11 метри во првата минута од судиското надополнување.
ФОТО: Игор Паневски