Кошарка Спорт

МЗТ денеска ја отвора сезоната во АБА2 против Теодо

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје денеска од 18 часот ја отвора сезоната во АБА2-лигата и на домашен терен во салата „Јане Сандански“ го пречекува Теодо. Аеродромци  во новата натпреварувачка година влегуваат со амбиции да се вратат во елитната АБА-лига. Клубот објави дека влезот за сите љубители на кошарката вечерва ќе биде слободен.

МЗТ лани во АБА2 стигна до полуфиналето од плејофот, каде беше елиминиран од Спартак. Оваа сезона 2024/2025 се игра по нов систем. Тимовите се поделени во четири групи по четири екипи. Сите играат меѓусебе дома-гости и најдобрите два има продолжуваат во ТОП 8 фазата. Таму ќе бидат формирани две групи по четири тимови. По истиот систем секој со секого, дома-гости, првите две екипи ќе се пласираат во полуфиналниот плеј-оф.

МЗТ се најде во групата А, каде покрај вечерашниот ривал Теодо за противници ги доби и Хелиос Домжале и Цедевита Јуниор.

Покрај аеродромци во АБА2-лигата сезона ќе се натпреваруваат уште два македонски тимови. Работнички се најде во групата Б со Сутјеска, Босна и Војводина, а првиот натпревар го игра во четврток на домашен терен против Сутјеска. Пелистер пак е во групата Ц, а првиот натпревар го игра на 1.октомври против Широки. Останатите противници на битолчани во групата се Подгорица и Вршац.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Кларк победник на Отвореното тениско првенство на Македонија

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Тетекс се врати меѓу второлигашите, драмата во Ѓорче решена на пенали

Дејан Дејан

Анчелоти и Модриќ се простија од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе