Вести Култура

Телма интервју со Владимир Пиштало: Загрижувачки е дека голем дел од новите генерации едноставно немаат кондиција за читање големи дела

„Загрижувачки е дека голем дел од новите генерации едноставно немаат кондиција за читање големи дела. Јас лично мислам дека книгите и покрај сите проблеми не може да исчезнат од нашите животи. Затоа што во нив се приказните, а човек без приказни не е човек“, вели српскиот писател Владимир Пиштало годинашен добитник на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Книжевните критичари ќе забележат дека  станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век.

Со Владимир Пиштало разговараше Нина Стефанова.

Во рамките на фестивалот беше загатната исклучително важна тема за улогата на литературата денес како вечна форма на отпор. Кои се нештата на кои во моментов им робуваме или сплет на околности сме доведени во ситуација да се соочуваме и кон кои е насочен отпорот низ книжевно- уметничките дела ?

  • Некој рече денес дека весниците не пишуваат за стварноста и доколку сакате да прочитате за вистинските проблеми на денешницата треба да читате литература. Тоа е навистина еден многу интимен процес и користењето на живите зборови кои се склопени на оригинален начин, на некој начин само по себе е револуционерен чин. Само по себе е акт на побуна, затоа што како што знаете Бродски говореше политиката покажува колку зборовите може зборовите да бидат празни, а поезијата покажува колку тие може да бидат полни и значајни, па едноставно ќе се запрашаме Боже мој и очите ќе ни се наполнат со солзи, зарем зборовите можат да бидат и ова. И тоа е само по себе побуна и најважната задача на литературата. – вели тој.

Дали општеството денес има сензори за да го препознае ваквиот вид на отпор?

  • Па не знам дали има сензори, но има цензори. Постои цензура за кои луѓето не се свесни. Тоа е најважно и можеби тоа е најлошиот вид на цензура за кои луѓето се несвесни. Многу се зборуваше за тоа дека во времето на комунизмот всушност литературата беше многу важна, затоа што беа забранувани книги, зошто воопшто би забранувале нешто што не е важно.  Потоа беше таа приказна како „писателите се инженери човечката душа“, знаете тоа е првата како позитивна. А оваа втората, не мислам дека беше многу симпатично да се биде суден за нешто или забрануван. Но секогаш постоеше тоа што кажал некој книжевник. Јас живеев триесет години во Америка и тоа воопшто не е улогата која ја има писателот во Америка. Што рекол е важно дали ќе се продаде добро или нема да се продаде, но вон тоа ја нема таа улога. И се помалку се чита. Јас знам дека моите студенти од двете страни на океанот секогаш читаат помалку и мене ми изгледа дека не се во состојба да ги прочитаат поголемиот дел од лектирите. Да очекуваш денес некој да ја прочита „Војна и мир“, едноставно нема да ја прочитаат. Вие може да им наведете, да им ставите единица тие пак нема да ја прочитаат. И јас тоа го чувствувам како некој да нема кондиција. Јас немам кондиција да трчам маратон и може колку сакате да барате од мене да трчам маратон јас не можам ни пола маратон да истрчам е така тие млади луѓе немаат кондиција да читаат големи книги. – вели Пиштало.

Во моментов сте директор на Народната библиотека на Србија. Со кои предизвици се соочуваат библиотеките денес, не говорам само кај нас туку и во светски рамки?

  • Библиотеката во еден дел и ја менува својата улога, затоа што порано се занимаваа со тоа изнајмиш книга и ја даваш некому, но сега многу пати особено во Америка им помага на луѓето да добијат државјанство. Одговараат на прашања на збунет човек кој нема адвокат, кој можби не е доволно образован. Многу често библиотеката на некој начин му помага за низа работи. Да најдат станови, да направат многу други нешта и секако постои и таа компјутерска писменост. Се држат различни работилници во библиотеките, кои повторно им помагаат на луѓето. И нема да верувате колку се полни библиотеките во Америка и најчесто тоа се токму најранливите групи. Доаѓаат емигранти, затоа што библиотеката е еден од оние последни јавни простори во светот кој станува се повеќе приватизиран. Сечиј дом и сечиј духовен дом.  Јас лично мислам дека книгите и покрај сите проблеми не може да исчезнат од нашите животи. Затоа што во нив се приказните, а човек без приказни не е човек. Приказните колку и институциите го градат едно општество. Оштеството има приказна за себе, луѓето имаат приказна за себе. Едноставно на нив ( приказните) е базирана смислата на човечкиот живот, а без тоа не може да се постои. Јас мислам дека приказните како и бубашвабите може да го преживеат секој проблем и секоја трагедија, затоа што приказните сме ние, а тие се во библиотеките.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе