Вести Свет

Израелскиот министер за одбрана им порача на војниците дека војската мора да биде подготвена за напади од Хезболах

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант  им порача на војниците дека војската мора да биде подготвена за  напади од Хезболах.

За време на посетата на воздухопловната база Рамат Давид во северен Израел, тој рече дека Израел го насочува своето внимание кон Хезболах.

„Ние ги пренасочуваме силите, ресурсите, енергијата кон север, но  не ги заборавивме заложниците и не ги заборавивме нашите задачи на југ (Појасот Газа), тоа е наша должност и ја извршуваме во исто време.

Во бомбашките напади  вчера загинаа најмалку 12 лица, вклучително и две деца, а беа ранети околу 2.800 лица.

Денеска загинаа девет лица , а повеќе од 300 лица се ранети , соопшти Министерството за здравство.

„(Хезболах) е посилен овде, тоа не е Хамас. Ова е нешто друго и ние треба соодветно да се подготвиме за ова и да го земеме предвид“.

Нападите, за кои нашироко се веруваше дека ги изврши Израел, насочени кон Хезболах, ги зголемија стравувањата дека конфликтот меѓу двете страни може да ескалира во сеопфатна војна.

Галант не ги спомна експлозиите на електронските уреди, но ја пофали работата на израелската армија и безбедносните агенции, велејќи дека „резултатите се многу импресивни“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе