Друштвото на писатели на Македонија ги објави добитниците на годишните награди за најдобри изданија во 5 категории, објавени минатата година . Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства“, ја понесе наградата „ Стале Попов“, за најдобра прозна книга. А , беа соопштени и имињата на авторите кои се наградени за најдобра поетска , книга за деца и млади, и за есеистика или критика. Наградата „ Мост“, за најдобра книга на некој од јазиците на етничките заедници во Македонија, не е доделена зашто според претседателот на ДПМ, стигнале недоволен број книги, за да влезат во кункуренцијата.
Писателот Блаже Миневски за романот „ Ако се родат некакви чувства“, во издание на „ Матица“, ја освои наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, објавена минатата година. По освоеното „ Рациново признание“ , „Стале Попов“ , е втора по ред награда на Миневски за овој роман. Зад одлуката стои тричлено жири, со кое што претседаваше писателката Гордана Јовиќ- Стојковска.
Романот на Блаже Миневски „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен. Историографска метафикција , разгранета барем со две странични , жанровски меандри , документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница, „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и за неговата љубена Јанка Каневче, Миневски внел цели минати и сегашни, познати и непознати светови, кажа Гордана Јовиќ – Стојковска, претседателка на жири- комисијата за наградата „ Стале Попов“.
Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 ја доби Зоран Анчевски , за стихозбирката „Коњски житија “ издание на „Арс Ламина“.
Во образложението на жирито , со кое претседаваше Елена Пренџова, стои дека книгата се истакнала како уникатно и неповторливо дело во современата македонска книжевност. Наградата „ Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца и млади, оди во рацете на Билјана Црвенковска, за книгата- пиеса „ Земја на заборавените приказни“, објавена од „ Чудна шума“.
Според жирито, со кое претседаваше Сузана Мицева, се работи за возбудлива приказна што комуницира со децата, покажувајќи им свет на авантури, далеку од градската врева и технологија. А, наградата „Димитар Митрев“, за најдобра книга со критики или есеи, ја делат Лидија Капушевска- Дракулевска и Влада Урошевиќ, за објавата „Птици во аквариум: надреализам , 1924- 2024 – издание на „Полица“. Според жирито, со кое претседаваше Иван Додовски , согласно концептот, книгата придонесува во толкувањето на нашата поезија како дел од книжевната авангарда во светот.
Наградата „ Мост“, за најдобара книга , напишана на некој од јазиците на етничките заедници во Македонија, не е доделена , зашто според пропозициите требало да пристигнат најмалку три предлози, а добиле само два издржани.
Беа поднесени три дела, со тоа што при верификацијата беше утврдено дека едно од делата е објавено во 2022 година. Значи не можеше да влезе во конкуренција, вели Живко Грозданоски- претседател на ДПМ.
Согласно новиот Правилник и Деловник на ДПМ, за доделување на годишните награди, Управниот одбор немал увид кои се членовите на жири- комисиите. А седум меѓу нив, поради обврски и летниот одмор ги откажале функциите и биле заменети со нови, кажа претседателот на Друштвото.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свеченост во среда навечер, во ДПМ.
Сотир Трајков