Вести Свет

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Рaстот на криминалот во Шведска годинава започана  да се прелева во Данска каде дански криминални организации преку социјалните  мрежи  ангажираат или манипулираат  шведски тинејџери да изрвшуваат разни кривични дела во Данска .

Од Април годинава до сега во земјата биле регистрирани 25 инциденти  во кои учествувале  шведски тинејџери.

Тоа го натера Копенхаген да изврши дипломатски притисок врз Стокхолм да се спречи овој прекуграничен криминал, што резултираше со зголемана соработка на полициите од двете земји.

Во август беа поднесени  5 кривични пријави , а неделава започнаа и првите судски процеси против шведски тинејџери.

Криминалците често регрутираат членови во социјално загрозените имигрантски населби.

Минатата година, шведската полиција забележа пораст на регрутирањето на „хитмени“ под 18 години, а причина за нивно регрутирање е тоа што тие се соочуваат со поблаги казни во споредба со возрасните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе