Рускиот претседател Владимир Путин нема да отпатува на претстојната седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи, како што наведува портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, САД не се најдобрата дестинација за патување на рускиот лидер.
-Путин не патуваше во последните години. А САД, инаку земја која не ги исполнува на најдобар начин своите обврски, како земја во која се наоѓа седиштето на ОН, засега не е најдобрата дестинација за патување, истакнал песков.
Путин претходно го одобри составот на руската делегација од десет лица кои ќе учествуваат на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи на 22 и 23 септември во Њујорк.
Делегацијата ќе ја предводи шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.