Вести Свет Топ вести

Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи, меѓународната заедница не реагира

Словачкиот премиер Роберт Фицо вели дека во Украина се борат „нацистички трупи“, но меѓународната заедница тоа не го забележува.

-Сите зборуваме за фашизам, нацизам, а истовремено тивко толерираме војници со многу јасни ознаки да трчаат низ Украина, поврзани со движења кои денес ги сметаме за опасни и забранети. Бидејќи ова е геополитичка битка, тие не некому му пречи, изјави Фицо при посетата на Музејот на холокаустот во словачкиот град Серед, пренесува ТАС.

Словачкиот премиер посочи дека светот е полн со лаги, бидејќи, како што наведе, „од една страна меѓународната заедница зборува за злосторства, а од друга сè повеќе прави компромиси со кои се навредува положбата на жртвите на холокаустот и расно насилство“.

-Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да се дозволи во Украина да се борат војници кои користат нацистички симболи и често пати да се однесуваат соодветно на тоа, додаде Фицо.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Киев е разочаран од изјавата на премиерот на Словачка Роберт Фиц за војниците на вооружените сили на Украина, која, како што велат, „противречи на постојното ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка“.

Оттаму напоменуваат дека украинските војници моментално ги бранат своите најблиски, домови и земја, „како и цела Европа и слободниот свет од руските напаѓачи, означени со латинските букви „З“, симбол, како што го нарекуваат, на „фашистичката естетика на современа Русија“.

„За Украинците, спротивставувањето на руската агресија е продолжение на историјата на отпорот на нашиот народ кон тоталитарните режими од минатиот век“, се наведува во соопштението на украинското МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе