Вести Култура

Љубовта на сликарот Владимирски кон македонскиот пејзаж преточена во изложба

Во Даут пашин амам при Националната галерија на Македонија, отворена е голема изложба на слики и друг материјал, со која се одбележува  јубилејот- 120 години од раѓањето на нашиот сликар, Томо Владимирски. Низ 70- тина дела, изложбата го осветлува творештвото на уметникот , кој важи за еден од основоположниците на модерното македонско сликарство. А, на изложбата доминираат пејзажите, како особена специфика во творештвото на овој автор.

Љубовта на сликарот Томо Владимирски  кон пејзажите во Македонија, независно дали се урбани или од природата, доминира на изложбата отворена во Даут пашиниот амам, при Националната галерија на Македонија. Со неа, оваа установа го одбележува големиот јубилеј- 120 години од раѓањето на Владимирски, кој важи за еден од основоположниците на модерното сликарство кај нас. Иако сликал и портрети, дела со фолклорни мотиви, актови и фигури, изложбата фрла светлина кон особената пасија на уметникот за пејзажното сликарство. На тој начин, 20 години по последните две претставувања пред домашната јавност, пејзажите на Владимирски се прикажани во најголем обем.

  • Она по што е единствен , тоа е специфичната боја на македонскиот пејзаш, кој што е пред се преточен низ темите на житата и неповторливите мотиви од Радика и од Вардар, кои што се предадени низ повеќе различни стилско- естетски пристапи. Па, на тој начин и оваа изложба е конципирана, групирана, вели Ана Франговска, куратор на изложбата.

Како што може да се види од сликите, реалистичкиот и експресионистичкиот израз се својствени за творештвото на Владимирски. Но, покрај сликите во техниката масло на платно и на лесонит, изложбата содржи и фотографии од уметникот и неговата работа , од сценографиите за МНТ, каде го поминал работниот век,  исечоци од весници во кои се пишувало за Владимирски и анимации, на кои оживуваат потезите со четката што ги правел при сликањето. Накратко, станува збор за мултимедијална презентација.

  • Се обидов да го избегнам класичниот начин на претставување на еден јубилеј  или ретроспектива. Делата си го имаат своето значење , тие се безвременски , нели? Меѓутоа , како се доживува една изложба , зависи од начинот на нејзината презентација, кажа Франговска.

Изложбата на Томо Владимирски  вклучува 70 – тина дела, распоредени низ галериски простори на Даут пашин амам. Позајмени се од неговото семејство и од други приватни колекции и институции.  Таа ќе биде отворена за јавноста до 29 септември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе